ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА.
ОД ГЛАД ДНЕВНО УМИРААТ 20.000 ДЕЦА
16-ти октомври е Светскиот ден на храната, во чест на основањето на Организацијата за храна и агрикултура на Обединетите Нации во 1945 година.
Секоја година на 16 октомври го славиме Светскиот ден на храната и се фокусираме на тема што е во сржта на работата на ФАО и претставува клучно прашање што влијае на нашиот свет. Темата за оваа година е „Иновирајте денес. Нахранете ги утре.“
11,3 отсто од светската популација е гладна. Тоа е приближно 805 милиони луѓе кои дневно се ненахранети, конзумирајќи помалку од препорачаните 2100 калории на ден.
Секоја година повеќе од 20 000 деца дневно умираат. Слабата нахранетост игра главна улога во најмалку половина од овие смртни случаи.
Ова бара напори за да се обезбеди правото за соодветна храна, жените да имаат поголеми овластувања; приоритет се дава на домашното земјоделство и одржливите системи за храна.
•
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook

ТОШЕ ПРОЕСКИ (25 ЈАНУАРИ 1981- 16 ОКТОМВРИ 2007)
БЛАЖЕНА Е ДУШАТА ШТО ДАВА
Во своите 26 години живот, тој ни подари музика која буди силни емоции, разубави стотици детски животи, помогна секаде каде што имаше потреба од тоа и со своите дела ни покажа дека навистина Блажена е душата што дава.
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook


ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА „PUNK,S BACKYARD ULTRA“ ВО НЕГОРСКИ БАЊИ:
НАЈГОЛЕМИОТ ИСПИТ ЗА ЧОВЕЧКАТА ИЗДРЖЛИВОСТ.
Во сабота, на 17 октомври, со почеток во 10:00 часот, во комплексот Негорски Бањи крај Гевгелија ќе се одржи четвртото издание на уникатниот атлетски ултра-маратон „Punk's Backyard Ultra“.
Организиран од Здружението за спорт ТРЕКС од Скопје, овој настан ги собира најподготвените и најавантуристички настроени тркачи кои ги тестираат сопствените физички и ментални граници според светски познатиот концепт создаден од Лазарус Лејк.
Правилата на „Backyard Ultra“ се едноставни, но немилосрдни: учесниците стартуваат круг од 6,7 километри (со 163 м денивелација) на секој час. Секој круг мора да заврши во рок од 60 минути, а трката нема временско ограничување — продолжува сè додека на патеката не остане само еден тркач кој ќе успее сам да истрча уште еден финален круг. Сите останати учесници технички завршуваат со статус DNF (Did Not Finish).
Поради специфичноста на патеката, која делумно се протега низ Велотлон МТБ паркот, стадионот и паркот на бањите, натпреварувачите го преминуваат регионалниот пат Мрзенци – Негорци по двапати во секој круг.
Обезбедување од Сообраќајната полиција: Трасата на преминот кај клучката за Негорски Бањи ќе биде под постојан надзор и регулација од страна на сообраќајната полиција во текот на целото времетраење на трката.
Апел до возачите и јавноста: Се замолуваат сите учесници во сообраќајот, возачи, посетители и жители на околните места за зголемена внимателност, намалена брзина и стриктно почитување на поставената сообраќајна сигнализација и упатствата од полициските службеници на оваа делница.
Организаторот ги поканува сите граѓани, љубители на природата и спортски ентузијасти да дојдат со своите семејства и да бидат дел од овој несвојствен спортски празник. Комплексот Негорски Бањи нуди прекрасни услови за прошетка, рекреација и уживање во зеленилото, додека атмосферата околу стартно-целната рамнина ветува одлично дружење, позитивна енергија и силна поддршка за тркачите кои ги поместуваат сопствените граници.
Ова е совршена можност за најмладите од блиску да ги почувствуваат спортскиот дух, истрајноста и другарството што го красат овој концепт. Донесете ги вашите деца да ги бодрат ултра-маратонците, да бидат инспирирани од нивната челичност и преку забава и навивање да развијат љубов кон спортот, активното живеење и здравите животни навики уште од најрана возраст.
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook


+1
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ ЗА ГЕВГЕЛИЈА НА АНГЛИСКИ
Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, од печат излезе Gevgelija Unveiled: A First-Time Visitor’s Handbook – туристички водич во кој на англиски јазик се претставени природните убавини и културните знаменитости на Гевгелија и регионот.
Целта на водичот е да ги запознае странските посетители на Гевгелија со основни податоци за нејзината културна историја и традиција, археолошките особености, актуелните културни манифестации, духовниот живот низ вековите, природата, храната и сите други нешта и подробности кои ја прават Гевгелија автентична и репрезентативна туристичка локација.
Покрај содржината посветена на културното и природното наследство, во водичот има и кратки прегледни информации за културните и спортските институции и друштва, кратки биографски белешки за историски личности од Гевгелија и регионот, како и за актуелни манифестации.
Изданието има 44 страници и вклучува 24 фотографии во боја.
Автор на текстот е Стефан Марковски, а автор на фотографиите е Димитар Новаков.
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook

Телевизија Нова 12 - Во живо
Телевизија Нова 12 - Музички канал