Тв Нова ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА 12
На 8 мај 1992-ра година започна со работа првата приватна телевизиска станица во Гевгелија, и една од првите приватни телевизии во Македонија – Канал 12 која што емитираше програма на 12-ти канал .
Во 2004-та година, Канал 12 прерасна во ТВ НОВА 12 која долго време беше единствена локална телевизија во Општина Гевгелија. Зад овој проект стои името на Ѓорѓи Џундов, електроничар, некогашен диск џокеј, музичар и организатор на забави.
Низ оваа телевизија, со текот на годините поминале многу гевгеличанки и гевгеличани, како новинари, водители и соработници, кои со своите емисии оставиле свој неизбришлив печат како во телевизиската програма така и кај гледачите од општините Гевгелија, Богданци и Валандово.
Цели 33 години, ТВ Нова 12 е во служба на професионалниот пристап кон локалните настани и проблеми во општина Гевгелија и пошироко, докажувајки со својата работа дека на Општина Гевгелија и е потребна локална телевизија.
Kонтакт телефони 076 437 227 и 070 741 337 , услови за користење- Превземањето авторски текстови е казниво со закон. Превземањето на содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
