БРОНЗА ЗА „ЛАЗАРЕНКИ-РЕЛИКВИЈА НА ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ БОЈМИЈА“ НА АМАТЕРСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „ЖИСЕЛ“
Филмската адаптација „ЛАЗАРЕНКИ – реликвија на етничкиот предел Бојмија“ е добитник на бронзена награда на 56. Аматерскиот филмски фестивал „Жисел“ во Омољица, Република Србија, на тема „Живот на село“.
Филмот е реализиран во продукција на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, во соработка со Универзитетскиот ансамбл „Македонија“.
Васко Трајков е добитник на специјалната награда – Златна плакета за камера и монтажа на филмската адаптација „ЛАЗАРЕНКИ – реликвија на етничкиот предел Бојмија“ и арт-филмот „Огледало“.
Дополнително, една фотографија од филмот, авторско дело на Димитар Новаков, е избрана за изложба на претстојното издание на фестивалот, што ќе се одржи на 8 и 9 август во Омољица.
. „Жисел“ е најстариот континуиран аматерски филмски натпревар во Србија. Основан е со цел да се зачува и документира традиционалниот живот на селото, неговите обичаи, култура и секојдневен живот преку филм, во време кога многу сегменти од тоа наследство веќе биле заборавени или презентирани преку институционални толкувања.
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook

ПРЕД 84 ГОДИНИ НА ГАРНИЗОНСКОТО СТРЕЛИШТЕ ВО СОФИЈА СТРЕЛАНИ СЕ НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ И АНТОН ПОПОВ.
„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.
На денешен ден пред 78 години, на 23 jули 1942 година во 21 часот и 10 минути, на гарнизонското стрелиште во Софиjа беа стрелани двајца видни Македонци – Никола Вапцаров и Антон Попов, основачи на Македонскиот литературен кружок во Софија, формиран во 1938 година. Нивна наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна. Изгореа во борбата за остварувањето на оваа цел.
Ќе остане вечно запаметен, македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, по зборовите “Ние сме Македонци, затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза!“ искажани во рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок во Софија во 1938 година.
Од бугарските власти е фатен и Како учесник во илегалната организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III фатен е и затворен. Осуден е на смрт… На 23 јули 1942 година, Никола Јонков Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook

ОПШТИНИТЕ ОД 2020 ДО 2024 АКУМУЛИРАЛЕ ДОЛГ ОД 47,7 МИЛИОНИ ЕВРА НЕНАПЛАТЕНИ ПОБАРУВАЊА ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ, ТАКСИ И НАДОМЕСТОЦИ.
ГЕВГЕЛИЈА ИМА СРЕДЕН ФИСКАЛЕН КАПАЦИТЕТ
Општините во периодот од 2020 до 2024 година акумулирале 2,9 милијарди денари (околу 47,7 милиони евра) ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, а во истиот период извршиле отпис на 233,8 милиони денари (околу 3,8 милиони евра), покажа ревизијата на успешност на Државниот завод за ревизија (ДЗР).
Ревизорите утврдија дека над 67 проценти од ненаплатениот данок на имот е постар од пет години, што укажува на слаб фискален залог и несоодветно користење на механизмите за присилна наплата.
Општина Гевгелија со процент од 57,51 % има среден фискален капацитет, и влегува во оние општини општини кај кои учеството на даноците, таксите и надоместоците е од 45% до 60 %
Општина Гевгелија во 2024 година донела одлука за траен отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма заклучно со 30.11.2024 година за 1.078 обврзници во вкупен износ од 46.942 илјади денари, кои се избришани од евиденција на ЦРМ или имаат застарени побарувања кои не може да се наплатат.
18 општини спроведуваат присилна наплата селективно, или само кон правни лица, додека побарувањата кон физичките лица воопшто не се предмет на присилни мерки, или не го опфаќаат целокупниот износ на ненаплатени побарувања. Ваквиот пристап создава нееднаков третман на даночните обврзници и го намалува ефектот на наплатата на даноците.
... See MoreSee Less
0 CommentsComment on Facebook

ВО КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА, КРВ ДАРУВАА 76 ДАРИТЕЛИ
Општинската организација на Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во Пионерскиот дом, ја реализираше летната ноќна крводарителска акција во Гевгелија. На акцијата крв даруваа 76 дарители, 15 од нив по првпат , со што станаа дел од големото крводарителско семејство.
Најсреќна меѓу дарителите беше Снежана Чурлинова која доби симболичен подарок - велосипед, на нејзиното прво дарување.
... See MoreSee Less
2 CommentsComment on Facebook
