ВЕСТИ

Comments Box SVG iconsUsed for the like, share, comment, and reaction icons

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ПИЈАНОТО

Светскиот ден на пијаното се слави на 88-от ден од годината, што е исто колку и бројот на клавиши на пијаното. Оваа година се одржува на 29 март. Светскиот ден на пијаното е основан од група истомисленици кои имаа за цел да создадат платформа за проекти поврзани со пијаното за да го промовираат развојот на музиката и да ја споделат радоста од свирењето пијано.
... See MoreSee Less

3 days ago
View Comments likes Like 0 Comments: 0 Shares: 0
МЕЃУНАРОДЕ

27 МАРТ, СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТн

Џефри Ерик Џенкинс, претседател на Меѓународната асоцијација на театарски критичари (AICT/IATC), во пораката по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март вели:
„Светскиот ден на театарот во 2026 година е помалку прослава, а повеќе повик за внимание. Тој нè потсетува дека слободите врз кои се темели театарот — изразување, истражување, собирање — не се ниту загарантирани ниту рамномерно распределени. Тие мора постојано да се афирмираат и бранат во практика.
Да се слави театарот денес значи да се инсистира на неговата неопходност. Тоа значи да се потврди дека, дури и во времиња на ограничувања, човечкиот импулс да се собираме, да сведочиме и да раскажуваме приказни не може да биде изгаснат.
Во таа упорност лежи не само опстанокот на уметноста, туку и можноста за поотворен и поврзан свет — каде перформансот останува витален простор на заедничко значење.“
... See MoreSee Less

3 days ago
View Comments likes Like 0 Comments: 0 Shares: 0
27 МАРТ, СВЕ�

ВТОР МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГЕВГЕЛИСКА ВЕЗИЛКА“

Со свечено дефиле на над 200 учесници, утре, сабота, на 28 март, во Гевгелија, во салата на Народниот театар ќе се одржи вториот по ред Меѓународен детски фолклорен фестивал „Гевгелиска везилка“.
На фестивалот ќе се претстават младите фолклористи на домаќините, Ансамблот „Бојмија“, потоа КУД „Илинден“ од Битола, КУД „Гоце Марковски“ од Долно Лисиче, Скопје, Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци , како и гостите, КУД „Соко“ од Сокобања, Република Србија и Фолклорниот ансамбл „Неретва“ од Босна и Херцеговина.
Овој фестивал уште еднаш треба да покаже дека младата генерација го сака фолклорот и е подготвена во иднина да биде достојна замена на своите повозрасни играорци, а со тоа да биде движечка сила во продолжувањето на богатата фолклорна традиција кај нас и пошироко.
Настанот е во организација на Ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, а во соработка со Општина Гевгелија. Влезот е слободен.
... See MoreSee Less

3 days ago
View Comments likes Like love 6 Comments: 0 Shares: 0
ВТОР МЕЃУН�Image attachment

САРА АНДОНОВА И ЈОВАН КАРАЌАЕВ СЕ ВРАЌААТ СО 5 МЕДАЛИ ОД КУЛИНАРСКИОТ НАТПРЕВАР ВО БРАЧ „БИСЕР НА МОРЕТО“

Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Сара Андонова и Јован Караќаев од 17 до 21 март учествуваа на 21. „БИСЕРОТ НА МОРЕТО“, најголемиот кулинарски натпревар и фестивал на островот Брач, Република Хрватска. Секоја година на него се собираат врвни професионалци, готвачи и кулинарски експерти од целиот свет. Оваа година на него учествуваа повеќе од 500 учесници од 15 земји., меѓу кои беа и ученици од 48 средни училишта и студенти од два угостителски факултети.
Сара Андонова се натпреваруваше во 3 категории-рижото, батак и десерт. За десертот таа доби златен медал во јуниорска и сениорска конкуренција, а за рижотото и батакот освои сребрени медали.
Јован Караќаев се натпреваруваше исто така во 3 категории – пилешко, рижото и тестенини. За равеолите го освои сребрениот медал, а за пилешкото и рижотото, бронзениот медал.
„Бисерот на морето“ е најголемиот кулинарски натпревар и гастрономски фестивал во регионот, кој традиционално го означува почетокот на туристичката сезона на Брач. Настанот е организиран од Здружението на готвачи од медитеранскиот и европскиот регион (ACMER/SKMER). Нејзиниот основач, Миро Богдановиќ, првпат ја основал „Бисер мора“ во 2006 година со мисија да ги собере готвачите, келнерите, менторите, професорите по стручно образование и студентите кои ги започнуваат своите кулинарски кариери. Сè на сè, тие ги носат своите знаења, вештини, компетенции, искуство, ентузијазам, страст и почит кон колегите, културата, традицијата и гастрономијата.
... See MoreSee Less

3 days ago
View Comments likes Like 10 Comments: 0 Shares: 0
САРА АНДОН�Image attachmentImage attachment+2Image attachment
Прикажи повеќе